Пионерскиот состав на РК Гемиџии ќе се обиде викендов да стигне до својот прв триумф во сезоната, кога ќе гостува кај екипата на Радовиш во рамки на петтото коло од пионерската ракометна лига.
По четири одиграни натпревари, младите ракометари од Велес сè уште се без победа, а минатото коло доживеаја пораз од екипата на Младост. За разлика од нив, нивниот противник, Радовиш, досега има забележано една победа и ќе се обиде да ја искористи предноста на домашен терен.
Натпреварот ќе се одигра утре (сабота) во спортската сала „25 Мај“ во Радовиш, со почеток од 12 часот. Судијската двојка на натпреварот ќе биде составена од Иван Јованов од Радовиш и Дарко Карафиловски од Штип.