(ВИДЕО) Завршни пораки од кандидатите на СДСМ: „Велес заслужува повеќе“

Со пораки исполнети со емоции, благодарност и верба во промени, кандидатите на СДСМ во Велес — Маја Хеско и Јованче Манасков — им се обратија на граѓаните во пресрет на изборниот молк.

Маја Хеско: „Велес сака и може повеќе“

Agria

Кандидатката за градоначалничка на Велес, Маја Хеско, во своето завршно обраќање рече дека кампањата ја поминала меѓу граѓаните, слушајќи ги нивните потреби и идеи.

„Во овие неколку недели заедно поминавме низ многу — слушав, разговарав и го почувствував пулсот на нашиот град. Една работа е јасна: Велес сака и може повеќе“, истакна Хеско.

Таа порача дека визијата на СДСМ е „Велес, град за сите“, со чисти улици, зелени површини, безбедни училишта, поддршка за младите и грижа за постарите.

„Овие избори не се само за тоа кој ќе биде градоначалник, туку каков Велес ќе им оставиме на нашите деца. Верувам во град на надеж, затоа што верувам во вас“, рече Хеско, повикувајќи ги велешани да гласаат за чесност, работа и напредок.

„Гласајте за СДСМ и за Маја Хеско — затоа што Велес заслужува повеќе“, порача таа.

 

Јованче Манасков: „Не доаѓам да владеам – доаѓам да служам“

Носителот на советничката листа на СДСМ, Јованче Манасков, им порача на граѓаните дека изборите се момент кога секој ќе ја каже својата збор за иднината на градот.

„Денот кога ќе одлучиме дали ќе продолжиме по истиот пат, или конечно ќе почнеме нова страница – исполнета со ред, чесност и работа“, рече Манасков.

Тој нагласи дека не е политичар од професија, туку човек кој целиот живот работел со луѓе и меѓу луѓе.

„Не ветувам празни зборови – ветувам работа, чесност и отчетност. Не сум човек на интереси, туку на принципи. Не сум глас кој ќе молчи, туку глас што ќе прашува, ќе бара и ќе се бори за правдата“, изјави Манасков.

Кандидатот ги повика граѓаните на 19 октомври да изберат луѓе што ги познаваат и им веруваат.

„Изберете човек со интегритет, искуство и одговорност. Изберете број 5 – за Совет што ќе биде глас на народот, а не продолжена рака на моќта.“

Со порака дека „Велес е наш заеднички дом“, Манасков ја заврши својата изборна порака до граѓаните.

 

 

 

 


Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: