Претрес во село во општина Чашка поради сомнение за поткуп при избори

mito

Утринава во 08:00 часот, по претходно добиени оперативни сознанија и врз основа на судска наредба издадена од Основниот суд во Велес, полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Велес извршија претрес во домот на Г.П. (59) од село Согле, општина Чашка.

Претресот бил извршен поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „поткуп при избори“, казниво по член 162 од Кривичниот законик. При акцијата, биле пронајдени и одземени 60 банкноти со апоен од 2.000 денари, како и еден мобилен телефон.

Agria

За случајот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес. Со лицето било извршено службено информативно разговарање, а од СВР Велес информираат дека по целосно документирање и расчистување на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок до надлежните органи.


Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: