До вчера течеа роковите за поднесување евентуални приговори за постапката на гласање и приговори за утврдување и сумирање на резултатите од гласањето, ДИК по истекот на законските рокови објавува за кои општини резулатите од гласањето се конечни.
Од 44 општини за кои ДИК во понеделникот објави првични официјални резултати од гласањето за избор на градоналници, во меѓу време во овие 44 општини во 11 општини се пристигнати приговори.
Претседателот на ДИК Борис Конадрко информира дека оние општини во кои нема поднесено приговори за гласање за избор на градоначалници се 33 и за нив ДИК денеска објавува конечни резулатати за завршено гласање во прв круг за избор на градоначалници.
„Резултатите и имињата на кандидатите нема да ги читам зошто тие веќе се прочитани во понеделникот кога објавивме првични официјални резулатати и тие се наоѓаат на официјалната веб-страна на ДИК. Само ќе ги прочитам имињата на општините во кои гласањето за градоначалник е завршено конечно, со конечни резултати во прв изборен круг. Тоа се општините: Берово, Битола, Василево, Вевчани, Гевгелија, Ѓорче Петров, Градско, Делчево, Демир Хисар, Желино, Зелениково, Илинден, Јегуновце, Кавадарци, Карбинци, Кисела Вода, Кратово, Крива Паланка, Липково, Новаци, Ново Село, Охрид, Петровец, Пехчево, Пласаница, Радовиш, Сарај, Свети Николе, Сопиште, Старо Нагоричане, Струмица, Теараце и Штип“, рече Кондарко.
Во 11 општини има поднесено приговори и таму резултатите се уште не се конечни, а ќе бидат откако ќе одлучи ДИК или евентуално Управниот суд во втор степен. Тоа се: Арачиново, Богданци, Босилово, Бутел, Велес, Гази Баба, Кривогаштани, Прилеп, Ресен, Чаир и Чашка.