Времето денеска ќе биде променливо облачно и релативно топло со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни со услови за појава на грмежи. Ќе дува засилен до силен ветер од југозападен правец, кој ќе достигне над 70 километри на час.
Минималната температура ќе биде во интервал од осум до 15 степени, а максималната ќе достигне од 14 до 24 степени.
Во Велес ќе биде променливо облачно, претпладне со повремен дожд, а локално пороен. Ќе дува умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура 13 степени, а максималната ќе достигне до 23 степени.



















