Пионерите на Гемиџии претрпеа пораз од Тиквеш во возбудлив натпревар

Пионерската ракометна екипа на Гемиџии  запиша уште еден првенствен пораз, овојпат на домашен терен, каде гостуваше поквалитетниот состав на Тиквеш. Иако велешаните влегоа со голема желба и борбеност, на крајот мораа да им честитаат на кавадарчани кои славеа со резултат 18:20.

Клучен играч во редовите на Тиквеш беше Марио Ѓорѓиев, кој одигра блескава партија и постигна дури 13 погодоци, на што домашната одбрана не успеа да најде решение. Велешките млади ракометари сепак покажаа карактер, и покрај негатива од минус пет голови во 30-тата минута, успеаја да се вратат во игра и да намалат на само два гола разлика (18:20), дури имаа и напад за целосно враќање, но немаа доволно сила за целосен пресврт.

Agria

Најефикасен кај домашниот тим беше Андреј Јакимовски со 6 погодоци, додека Бојан Мартинов додаде 5 погодоци.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: