Во текот на изминатиот викенд се одиграа натпреварите од четвртото коло во Општинската фудбалска лига Велес. Љубителите на фудбалот во регионот имаа можност да проследат три возбудливи средби, во кои фаворитите ја оправдаа својата улога.
Екипата на Врановци забележа нова победа, совладувајќи го составот на Горски со резултат 2:1. Со оваа победа, Врановци ја продолжуваат серијата на одлични настапи и остануваат на врвот на табелата.
Во вториот натпревар, Младост беше убедлива против Согле, славејќи со 4:0. Ова беше трета последователна победа за Младост, кој има натпревар помалку, но и понатаму е со максимален учинок. За Согле, ова беше прв пораз во тековната сезона.
До првиот триумф во лигата стигна и Локомотива од Градско, која со 2:1 ја совлада екипата на Форца Нова. Со оваа победа, Локомотива конечно ги запиша првите бодови во сезоната.
По четири одиграни кола, Врановци и Младост остануваат единствените екипи со максимален ефект, што ветува интересна борба за врвот во продолжението на сезоната.



















