Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 0,50 денари по литар. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1 денар по литар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.
Цената на ЕУРОСУПЕР 95 од утре ќе изнесува 73,5 денари по литар. Цената на ЕУРОСУПЕР 98+ од утре ќе изнесува 75,5 денари, додека цената на ЕУРОДИЗЕЛ од утре ќе се продава по 68 денари за литар.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,010 ден/кг и сега ќе изнесува 36,057 ден/кг.



















