(ФОТО) Пожар во куќа под месноста Којник — спречена поголема трагедија благодарение на брзата интервенција на пожарникарите

Попладнево, околу 16 часот, избувна пожар во куќа на улицата „Петар Дељан“ под месноста Којник. Благодарение на навремената и брза реакција на пожарникарите, спречена е вистинска трагедија.

Иако пристапот до местото бил отежнат поради тесните сокачиња и стрмниот терен, екипите на противпожарната единица успеале навремено да стигнат со три противпожарни возила и да го локализираат пожарот. На терен со пожарникарите беше и командирот на противпожарната единица, Димче Јованов.

Agria

Куќата, чиј покрив бил од трска, целосно е уништена во огнената стихија, заедно со целиот покуќнински инвентар.

Во пожарот, за среќа, нема настрадани лица. Причините за неговото настанување засега не се познати, а истрагата е во тек.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: