Младите одбојкарки на Виола Волеј од Велес претрпеа пораз на гостувањето во струмичко Ново Село, каде домаќинот ОК Ново Село славеше со резултат 3:2 во сетови.
Натпреварот, одигран во одлична атмосфера во спортската сала на ООУ „Христо Татарчев“, понуди возбудлива борба во сите пет сета. Иако велешанките двапати имаа водство со 1:0 и 2:1 во сетови, сепак не успеаја да го задржат темпото, па победата на крај им припадна на домаќинките.
По натпреварот, од Виола Волеј остро реагираа на, како што велат, тенденциозното делење на правдата од страна на судиите Александар Ричлиев и Ива Стојанова. Според нив, неколку спорни одлуки, особено во четвртиот и петиот сет, директно влијаеле врз конечниот исход.
Од клубот најавија дека ќе поднесат официјална жалба до соодветните органи, со цел во иднина да се избегнат вакви ситуации кои, како што велат, го нарушуваат фер-плејот и спортскиот дух на првенството.
Погледнете го натпреварот помеѓу ЖОК Ново Село и ОК Виола Волеј

















