Времето денеска облачно и врнежливо

Veles Noemvri dozd

Времето денеска ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, информираат од Упрвата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни, а се очекува за 24 часа да наврнат над 30 литри на метар квадратен, со услови за појава на грмежи.

Во утринските часови времето беше облачно и свежо, со температури меѓу 9 и 12 степени. Преку денот температурите ќе се искачат до 16, локално до 18 степени, но без значително разведрување. Облачноста ќе биде застапена, а кратки прекини на дождот ќе има само во централните и југоисточните подрачја.

Agria

И во Велес ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, што ќе бидат пообилни попладне. Температурите ќе бидат од 10 до 17 степени. Локални врнежи ќе има и во вторник во попладневните часови. Потоа до крајот на неделата времето ќе биде стабилно и суво со пониски утрински температури.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: