Ново поскапување на бензинот и дизелот

Benzinska pumpa

Mалопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 0,29%, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се зголемуваат за 0,50 ден/лит. Mалопродажната цена на малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 74,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 76,50 ден/лит.

Agria

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се зголемува за 1,00 ден/лит. Mалопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 72,00 ден/лит. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), не се менува, односно останува на исто ниво. Maлопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1)изнесува 69,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 0,486 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 03.11.2025 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 36,427 ден/кг.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: