Наутро ведро и студено, а во текот на денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец.
Минималните температури ќе се движат во интервал од -3 до 5 Целзиусови степени, додека максималните ќе се искачат од 12 до 20 степени.
Времето во Велес ќе биде сончево со мала до умерена облачност и слаб ветер од северен правец. Температурите ќе се движат од минимални 2 до максимални 16 степени.

















