Метеоролозите за утре нѐ информираат дека наутро ќе биде постудено со услови за појава на магла по одделни котлини. Во текот на денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од југозападен правец.
В недела наутро по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Минималните утрински температури ќе се движат од -2 степени до 7 степени, а максималните дневни ќе бидат во интервалот од 14 степени до 19 степени.
Метеоролозите за во понеделник најавуваат дека ќе биде променливо облачно. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во северозападните делови ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.
Минималните утрински температури ќе се движат од 1 степени до 8 степени, а максималните дневни ќе бидат во интервалот од 13 степени до 18 степени.

















