Превалец на домашен терен рутински го совлада тимот на Венец од Долни Дисан со 5:2 и им се врати на победите во Третата фудбалска лига – Југ. На игралиштето во велешката населба Превалец, домашните навивачи уживаа во ефикасно издание на своите фудбалери, кои уште во првото полувреме го решија победникот.
Гостите од Долни Дисан први поведоа уште во 17. минута преку Стефан Димитриевиќ, но тоа не ги поколеба домаќините од Превалец. Само три минути подоцна, во 20. минута, Павле Петров го израмни резултатот, а во 21. минута Александар Јордановски донесе предност за Превалец.
Во продолжение следеше доминација на домашниот тим, Стефан Коџабанов го комплетира хет-трикот со голови во 26, 30 и 50 минута, за конечни 5:2. За гостите последен погодок постигна Горан Цветков во 71. минута, но тоа беше недоволно за пресврт. По 10 одиграни кола, Превалец е на втората позиција со 22 бода, три помалку од лидерот Борец 1919.

















