Променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, најавуваат за денеска од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Врнежите на некои места ќе бидат пообилни и ќе наврнат над 30 литри на квадратен метар за 24 часа. Во овие делови ќе има и услови за појава на невреме со грмежи и силен ветер. Во текот на денот ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец со брзина од над 60 километри на час.
Утринската температура ќе биде од 5 до 12 Целзиусови степени, а дневната ќе се движи меѓу 9 и 19 степени.
Во Велес, времето денеска ќе биде променливо облачно, во делови од котлината со повремени врнежи од дожд. Во текот на денот ќе дува умерен, повремено засилен југоисточен ветер. Температурата ќе се движи од 9 степени наутро до 16 во текот на денот.

















