Наутро студено, преку ден со сончеви периоди

Денеска времето во земјава ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и слаб до умерен ветер од јужен правец, наместа засилен особено во западните делови, информираат од Управата за хидрометеролошки работи (УХМР).

Zito baner

Утринската температура ќе се движи во интервал од минус три до три Целзиусови степени, а максималната дневна ќе достигне од четири до 15 степени.

Agria

Во Велес, според синоптичарите, се очекува слично време, променливо облачно со сончеви периоди и слаб до умерен ветер кој претежно ќе дува од јужен правец. Дневната температура во Велес ќе се искачи до 13 Целзиусови степени.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: