Полицијата поднесе пријава до Основното јавно обвинителство во Охрид против малолетниците инволвирани со случајот на извршена обљуба врз малолетничка од Охрид.
Според полициското соопштение, по спроведените службени разговори СВР – Охрид до ОЈО доставил известување за постоење основани сомненија дека 16-годишниот малолетник е сторител на кривично дело „полов напад и силување“, како и за сторено дело „уцена“ од страна на 14-годишник од Охрид.
Полицијата вчера во Охрид го приведе првопријавениот, кому од надлежен судија му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.
Според првичните информации, тој на 12 овој месец извршил обљуба врз 12-годишно девојче од Охрид, додека друг малолетник го снимал чинот.
Второпријавениот во случајот пак откако го добил снименото видео, на 20 ноември ја уценувал малолетничката со инсистирање на сексуален однос,заканувајќи и се дека доколку одбие ќе го објави видеото.
Врз малолетничката во текот на вчерашниот ден е извршен медицински преглед, а со сите инволвирани лица во случајот се спроведени истражни разговори во присуство на родител и претставници Центарот за социјални работи од Охрид.

















