Ученици од ООУ „Димо Хаџи Димов“ во Скопје се пожалиле на стомачни болки, АХВ врши вонреден надзор во кујната

prazna-ucilnica

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), во координација со Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Институтот за јавно здравје и Центарот за јавно здравје, денеска спроведуваат вонреден инспекциски надзор во кујната на операторот со храна во ООУ „Димо Хаџи Димов“ во Скопје.

Акцијата следи по утринското известување дека поголем број ученици се пожалиле на стомачни болки, информираат од АХВ.

Agria

„Со цел утврдување на изворот на евентуално труење со храна, кујната во училиштето е привремено затворена. Согласно Националниот протокол за постапување при сомнеж за труење со храна, ќе се спроведе епидемиолошка анкета, а ќе бидат земени мостри од инкриминирана храна, работни површини, прибор и машини за лабораториско тестирање, информираат од Агенцијата.

Според директорката на училиштето Лејла Николоска, станува збор за 40 деца.

„Вчера децата за појадок имаа корнфлекс со млеко, а за ручек јадеа мусака. Се работи за деца од одделенска настава кои имаат топол оброк и се во целодневна настава. Во текот на вчерашниот ден откако си заминале дома, пројавиле симптоми на болки во стомакот. Некои од нив родителите ги однеле на лекар. Не можам прецизно да кажам а колку деца се работи, иако засега се околу 40, попрецизни бројки ќе имаме откако ќе го видиме бројот на отсуства денеска. Во нашето училиште храна подготвува „Ванила фуд“. Не би сакала да прејудицирам дали причинител за труењето е храната или некоја бактерија од работните површини, ќе видиме што ќе покажат анализите“, рече Николоска за Мета.мк

Од АХВ соопштуваат дека по завршување на контролата, јавноста ќе биде информирана за резултатите и изречените мерки.

 

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: