Од 3.000 на 6.000 денари за секое новороденче во општина Велес — ова е главното барање што денеска го упатија велешките социјалдемократи. Советничката Мирјана Петрушевска Савова соопшти дека СДСМ ќе поднесе вкупно, насочени кон социјалната заштита и заштитата на животната средина.
Еден од амандманите предвидува и зголемување на поддршката за талентирани деца од социјално загрозени семејства, бидејќи, како што истакна Петрушевска Савова, оваа помош е од суштинско значење за нивниот развој. Дополнително, Савова бара и поголема финансиска поддршка за децата без родители на почетокот од учебната година, оценувајќи дека актуелниот износ е недоволен да ги покрие потребните трошоци.
Последниот амандман се однесува на субвенции за чистење на оџаците, мерка што, според советничката група, ќе придонесе за подобар квалитет на воздухот во Велес.
Целата прес-конференција можете да ја погледнете во видеото подолу.

















