Бактерии во мусаката и на дел од чешмите – причина за труењето кај децата од ОУ „Димо Хаџи-Димов“

prazna-ucilnica

Институт за јавно здравје (ИЈЗ) информира дека во земениот примерок од мусаката која се служела во прва смена во училиштето „Димо Хаџи Димов“ во населбата Влае се најдени грам негативни бактерии од групата на Enterobacteriaceae, фекални бактерии кои исто така се пронајдени и на три чешми во училиштето.

Како што посочуваат од ИЈЗ, после денешната прес-конференција добиле нов резултат од узорцираниот примерок од мусака која се служела во прва смена во училиштето и во неа се најдени грам негативни бактерии.

Agria

 

Уште две деца од основното училиште „Димо Хаџи Димов“ се хоспитализирани на Детската клиника, со тоа бројот се зголеми на седум. Водата е чиста и не е причина за труење, го покажаа резултатите на Скопски водовод по земените мостри.

 

Премиерот Христијан Мицкоски потврди дека неговиот помал син Антониј е меѓу учениците кои пројавиле симптоми на труење, но вели дека сега е во добра состојба. Демантира дека детето било во тешка здравствена состојба и дека е хоспитализирано.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: