Екипата на Врановци го доби заостанатиот натпревар против Согле со службени 3:0, по одлука на дисциплинската комисија на Општинската фудбалска лига – Велес. Со овие три бода, Врановци ја обезбедија титулата есенски првак.
Натпреварот на терен беше прекинат на полувреме при резултат од 2:1 за Согле, но претставникот на Врановци поднел жалба веднаш по мечот. Жалбата се однесувала на неправилност во пријавата на играчите – односно, во записникот бил внесен еден фудбалер, а на терен настапил друг, кој воопшто не бил пријавен.
По разгледување на случајот, Комисијата ја уважи жалбата и го регистрираше натпреварот со службен резултат во корист на Врановци, кои со тоа го потврдија водството на табелата и ја завршија есенската полусезона на првото место.
| ПОЗ | ТИМ | ОДИГ | ПОБ | НЕР | ПОР | ГОЛ/РАЗ | БОД |
| 1 | ВРАНОВЦИ | 6 | 5 | 0 | 1 | 19/6 | 15 |
| 2 | МЛАДОСТ 1976 | 6 | 5 | 0 | 1 | 19/11 | 15 |
| 3 | ФОРЦА НОВА | 6 | 4 | 0 | 2 | 20/11 | 12 |
| 4 | СОГЛЕ | 6 | 3 | 0 | 3 | 9/13 | 9 |
| 5 | ТИМ ЛОКОМОТИВА | 6 | 2 | 0 | 4 | 8/18 | 6 |
| 6 | ГОРСКИ | 6 | 1 | 0 | 5 | 9/14 | 3 |
| 7 | РАШТАНИ СПОРТ | 6 | 1 | 0 | 5 | 7/18 | 3 |
Општинската лига продолжува напролет, кога тимовите ќе влезат во борба за конечната шампионска титула.

















