Сојузот на спортови од Велес официјално го објави конкурсот за избор на најуспешните спортски достигнувања во градот за 2025 година. Годинава, покрај изборот на „Спортист на Велес“, ќе се избираат и најуспешен тренер, спортска екипа, спортски судии, спортски работници, како и најдобри спортски манифестации.
Критериумите за избор ги опфаќаат постигнатите резултати во олимписки и неолимписки спортови, во поединечни и екипни натпреварувања, како и успехот на домашните првенства организирани или поддржани од Националните спортски федерации. Особено внимание ќе се посвети на континуитетот, квалитетот на резултатите и значењето на достигнувањата за развојот на велешкиот спорт.
Огласот ќе биде отворен 10 дена, заклучно со 12 декември 2025 година, до кога спортските клубови и поединци може да ги поднесат своите кандидатури.
Сојузот на спортови ги повикува сите засегнати да учествуваат и да придонесат кон изборот на најдобрите кои го одбележаа велешкиот спорт во текот на годината.

















