Екипата на Виола Волеј ја забележа својата трета сезонска победа во првенството, триумфирајќи со 3:1 над составот на Бами Кор. Велешанки влегоа сигурно во натпреварот и ги добија првите два сета со убедливи 25:14 и 25:17, навестувајќи лесен меч.
Сепак, во третиот сет следуваше опуштање во нивната игра, што гостинската екипа го искористи и успеа да намали на 2:1, победувајќи со 25:22. По кратката пауза, Виола Волеј ги консолидираше редовите и во четвртиот сет повторно ја презеде контролата на теренот, славејќи со 25:18 и ставајќи му крај на мечот.
Со оваа победа, Виола Волеј стигна до трет триумф оваа сезона и моментално се наоѓа на деветтата позиција на табелата.

















