Дејан Јованов – Деко се расплака во судницата: Се грижев за гостите, да знаев дека има пропусти ќе ги отстранев

До денес се чудам и не можам да поверувам што се случи таа вечер. Цели девет месеци сум затворен во четири ѕида и секојдневно ја преживувам таа трагична ноќ, кажа првообвинетиот за пожарот во т.н. кабаре „Пулс“, Дејан Јованов-Деко, во дополнувањето на воведниот говор неговата адвокатка.

Јованов говореше испрекинато бидејќи се расплака додека го даваше дополнувањето.

Agria

Рече дека не може да поверува во тоа што се случило. Кажа дека тој како родител цело време водел грижа за безбедноста на гостите во клубот.

„Јас како човек и родител, каде што се собираат сите млади и моите деца, дали ќе дозволам да фали нешто. Зарем сериозно мислите дека ќе дозволам ако фали нешто не би сторил сторил сè за да се отстрани навреме. Во тој клуб имаат пораснато десетина генерации и сите знаат колку се грижев за безбедноста во клубот”, рече Дејан Јованов.

Јованов, од срце и од душа, како што кажа, сака да им изрази сочувство на семејствата на сите што имаат загинати, а на повредените брзо закрепнување.

Кажа дека ја знае нивната болка, затоа што сите имаат некој загинат и повреден.

„Ја знам болката и тагата затоа што сите имаме починат и повреден член и ја носиме истата болка”, додаде Јованов.

На крајот кажа оти не знае зошто во случајот е обвинет неговиот син Михајло Јованов.

„Тој немаше никакви допирни точки со клубот. Имаше фирма за дистрибуција и беше обичен гостин во клубот”, рече пред судот Јованов.

Претходно, во воведниот говор неговата бранителка, адвокатката Ивана Коцевска, вината за пожарот ја лоцира кај бендот ДНК, затоа што ја внел и употребил пиротехниката и кај институциите затоа што не укажале на пропусти.

Веста е преземена од 360 степени.

 

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: