Цело раководството и сите членови на Извршниот одбор на СДСМ вечерва поднесоа оставки откако тоа од нив го побара претседателот на партијата Венко Филипче. Оставки поднесоа заменичката-претседател Фани Каранфилова-Пановска, потпретседателите Каја Шукова, Кристина Костова, Методија Илиевски и Ана Чупеска, како и генералниот секретар Александар Димитриевиќ.
Од опозициската партија додаваат дека на една од наредните седници на Централниот одбор, претседателот Филипче ќе предложи избор за членови за органите на партијата а за функциите ќе се бираат најкомпетентни личности.
„Со овој одговорен и морален чекор, раководството на СДСМ отвори простор за ново поглавје. Следува период на кадровско освежување и зајакнување, вклучување и на нови лица, организациска поставеност, внатрешна мобилизација, за нова сила и нова енергија на СДСМ. На една од наредните седници на Централниот одбор, претседателот Филипче ќе предложи избор за членови за органите на партијата, а за функциите ќе се бираат најкомпетентни личности“, велат од партијата.

















