Борец Баскет со четврта врзана победа, славеше на гостувањето кај Овче Поле

Кошаркарите на Борец Баскет ја продолжија победничката серија во првенството, запишувајќи ја четвртата победа по ред. Велешани вчера триумфираа на тешкото гостување кај Овче Поле со 74:70, во натпревар кој се емитуваше во живо на националната телевизија МТВ.

Домаќините го добија првиот дел поради нешто послабото издание на Борец, но по паузата велешани влегоа значително поангажирано и агресивно. Клучната се покажа третата четвртина, во која Борец славеше со 24:18 и го превзеде водството што успеа да го задржи до самиот финиш.

Agria

Најрасположен за игра кај победникот беше Елис со 20 поени, а веднаш зад него беа Трпески со 16 и Чадамов со 13 поени. Свој придонес даде и Сапроновски, кој беше важен фактор во одбраната.

Во следното коло Борец Баскет ќе има нов сериозен предизвик – во Велес гостува силната екипа на Соколи 1933 од Штип, која досега има само еден пораз во првенството. Велешани ќе бараат продолжување на одличната серија пред домашната публика.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: