Борачкиот клуб Борец викендов заминува за Белград, каде ќе учествува на големиот меѓународен турнир во борење слободен стил „Победник“ 2025. Турнирот ќе се одржи во конкуренција за сениори и јуниори, а се очекува учество на повеќе држави и над 200 натпреварувачи.
БК „Борец“ веќе неколку години по ред е дел од овој престижен настан, на кој традиционално бележи забележителни резултати. Лани младите велешки борци се вратија со пет одличја, што дополнително ја потврдува силната работа и континуитетот во клубот.
Борачите на Борец и оваа есен се исклучително активни – настапуваат на бројни меѓународни турнири, како и на сите првенства организирани во Македонија. Учевството во Белград претставува нов предизвик, но и можност за стекнување вредно искуство и дополнителна мотивација за младите спортисти.

















