Полициски службеници од СВР Велес вчера, околу 06:45 часот, привеле 73-годишен скопјанец во селото Подлес, општина Градско. Акцијата била дел од редовните контроли на терени каде што се врши лов за време на ловната сезона, спроведени од полицијата во соработка со ловочувари од Ловното друштво „Руен“.
При проверка на А.И. (73), било утврдено дека ловечката дозвола за огнено оружје му е со истечена важност. Поради тоа, од него била одземена ловната пушка „Бајкал“, 13 патрони и дозволата за оружје.
Лицето било спроведено во полициска станица, каде што бил известен и јавен обвинител. По целосно документирање на случајот, против скопјанецот ќе биде поднесена соодветна пријава.

















