Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност, се најавува во прогнозата од Упрвата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во утринските часови на некои места ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Во текот на денот ќе дува и слаб ветер од северен правец.
Утринската температура ќе биде од минус два до три Целзиусови степени, а дневната ќе се движи во интервал од 12 до 14 степени.
И во Велес денеска се очекува сончево време со мала до умерена облачност и претежно тивко. Температурата ќе се движи од 1 степен наутро до 14 степени во текот на денот.
















