Граѓаните денеска нема да можат да извадат документи од Управата за водење на матични книги, затоа што вработените ќе бидат на своите работни места, но целосно ќе ги прекинат обврските како знак на револт кон институциите што, како што велат, не ги исполниле дадените ветувања и не го потпишале колективниот договор.
Од Независниот синдикат на Управата се децидни, ако нема поместување, следниот чекор може да биде генерален штрајк. Штрајкот продолжува додека не се обезбеди решение, а граѓаните денеска ќе се соочат со целосен застој во издавањето на најосновните лични документи.
Според потпретседателот на независниот синдикат на Управата, истата има околу 350 вработени, а земаат минимална плата. Тој посочи дека имаат потреба и од нови вработувања, бидејќи недостасувале над 90 работници. Се почесто се случувало одлив на кадар, а причината била минималната плата.
















