Тале Шопов: Градиме пофер, поорганизиран и потранспарентен општински фудбал

Tale Sopov OFS Veles

Со фокус на реформите, транспарентноста и унапредувањето на локалниот фудбал, претседателот на Општинскиот фудбалски сојуз, Тале Шопов, во новогодишно интервју за Батали.нет зборува за активностите спроведени од почетокот на мандатот, промените во работењето на судиите, новитетите во Општинскиот куп и начинот на комуникација со фудбалските клубови, како дел од визијата за пофер и поорганизиран фудбал во Општината.

Батали.нет: Од почетокот на Вашиот мандат како претседател на Општинскиот фудбалски сојуз, кои конкретни активности и реформи беа спроведени и што сметате дека е најзначајниот резултат досега?


Agria

„Направив организациски и управувачки реформи со комплетно нов состав со јасна поделба на улогите. Воведовме годишен план на активности. Со помош на ФФМ доделивме фудбалски топки на сите фудбалски клубови учесници во ОФЛ Велес и екипите кои настапуваат во 3 лига Југ од Општина Велес. За прв пат ОФС Велес воспостави контакт со основните и средните училишта во Општина Велес каде што доделивме фудбалски топки со цел полесно изведување на часевите по физичко воспитување и насочување на младите кон фудбалската игра“.

Батали.нет: Една од често спомнуваните теми е работењето на судиите. Како функционираше судиската организација претходно и кои чекори ги преземавте за унапредување на квалитетот и регуларноста на судењето?

„Развојот на судиите и службените лица е клучен за подобрување на квалитетот на натпреварите со таа цел се организира редовни семинари и тестирања за судии, се трудиме да вршиме објективно и транспарентно делегирање“.

Батали.нет: Дали се воведени нови критериуми, контроли или едукативни активности за судиите и какви се резултатите од тие промени?

„После моето назначување како претседател на ОФС Велес ги покачив судиските и примањата на делегатите,. Продолживме со семинари за судиите и редовни контроли на судењето како и организирање едукативни состаноци со што допринесовме по квалитетно судење“.

Батали.нет: Општинскиот Куп е натпреварување кое секоја година предизвикува голем интерес. Кои новитети беа воведени во неговата организација и дали тие придонесоа за поголема атрактивност и фер-плеј?

„Како што кажавте, општинскиот Куп натпревар предизвикува голем интерес кај клубовите и публиката, со таа цел извршивме навремено информирање на јавноста преку социјалните мрежи и лепење плакати со информации за Куп натпреварот. За прв пат финалниот Куп натпревар се снимаше и беше ставен на платформата YOUTUBE, така што граѓаните кои не беа во можност да дојдат на стадион можеа да го гледаат натпреварот“.

Батали.нет: Како ја оценувате соработката со клубовите и нивната вклученост во креирањето и унапредувањето на општинските натпреварувања?

„Една од основните цели на ОФС е соработка со клубовите, истата беше на високо ниво со намера на продлабочување на соработката. Се трудевме да бидеме достапни за секој клуб за било каков проблем. На секој натпревар од ОФЛ Велес, присуствував јас или пак друг претставник од ОФС Велес“.

Батали.нет: Кој е начинот на информирање и комуникација со клубовите – дали се воведени нови канали и подобрена транспарентност во однос на одлуките и активностите на сојузот?

„Во ОФЛ Велес воведовме билтен со сите информации и насоки на клубовите кои настапуваат во лигата, истиот се доставува електронски, еднаш неделно и е официјален документ. Навремено ги решаваме дисциплинските постапки, одлуки со кои се запознаени сите клубови. Одржувам состанок со сите клубови пред почетокот на секоја полусезона и Куп натпреварување“.

Батали.нет: Со кои цели и визија влегувате во новата година и која е Вашата новогодишна порака до клубовите, судиите и сите љубители на фудбалот во Општината?

„Наша цел е да станеме фудбалски сојуз, организација која им служи на сите заинтересирани за фудбалската игра во Општина Велес, Чашка и Градско. Посветени на почитување на фудбалската игра со одговорност и почит кон сите индивидуи, без разлика дали се играчи, гледачи, навивачи, поддржувачи, партнери, почитувајќи ги законите. Да обезбедиме секој клуб да постигне соодветно ниво на организација и организациона структура. Обезбедување на спортска инфраструктура со цел да им обезбеди на клубовите соодветни услови за игра, да ја продолжиме соработката со ФФМ (Фудбалска Федерација на Македонија), Општина Велес, Министерството за спорт, и други организации поврзани со фудбалската игра во градот и пошироко. Во пресрет на новата година, на сите фудбалски клубови, играчи, тренери, судии, членови, навивачи и пријатели на ОФС Велес, им посакувам многу здравје, среќа и успех. Нека новата година донесе нови победи, спортски достигнувања и заеднички радости на теренот и надвор од него. Ви благодариме за поддршката и довербата заедно продолжуваме посилни и поуспешни!

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: