Бензините поевтинија за два денара, дизелот остана со иста цена

Benzinska pumpa

Од ноќеска на полноќ бензините се поевтини за два денара, додека цената на дизел горивото  остана непроменета, соопшти Регулаторна комисија за енергетика. Новите цени ќе важат од денес 19 декември.

Според одлуката, максималната малопродажна цена на моторниот бензин Еуросупер БС-95 ќе изнесува 71 денар за литар, додека Еуросупер БС-98 ќе се продава по цена од 73 денари за литар. Цената на дизел горивото Еуродизел БС (Д-Е V) останува 66,50 денари за литар, а екстра лесното масло за горење ЕЛ-1 ќе се продава по 65,50 денари за литар. Мазутот М-1 НС ќе има цена од 32,635 денари за килограм.

Agria

Од Регулаторната комисија појаснуваат дека станува збор за максимални цени и дека трговците на големо и мало имаат можност да ги формираат цените и на пониско ниво од утврдените.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: