Нов „Марш за ангелите“ во Кочани

Денеска во Кочани со почеток од 14:05 часот ќе се одржи 34-тиот протестен “Марш за ангелите”.

Од организаторот, здружението „16 Март 2025“ ги повикуваат сите граѓани да се приклучат на маршот за правда за жртвите од трагедијата во “Пулс”.

Agria

„Дојдете со нас на 34-тиот Марш на ангелите. Ги повикуваме сите граѓани на Кочани и од цела Македонија да чекорат со нас за вистинска правда за нашите деца кои ги нема и за иднината на сите деца што доаѓаат. Да чекориме заедно во тишината што вреска по правда, во името на нашите деца кои ги нема, и за иднината на сите деца кои мора да бидат заштитени. Од Паркот на Револуција Молчењето не е опција – правдата мора да се избори заедно. Секој поглед бара правда“ – стои во писменото соопштение за медиумите.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: