Маглата создава проблеми: Пет лица повредени во сообраќајка во близина на наплатната станица Петровец

На автопатот Скопје-Велес, во близина на наплатната станица Петровец вчера доцна попладне се случила сообраќајна несреќа во која пет лица се здобиле со телесни повреди, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Во несреќата, која се случила во 16:20 часот, учествувале две патнички моторни возила. Повредените со возила на Итна медицинска помош се пренесени во здравствени установи во Скопје за укажување помош.

Agria

Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: