Советот на јавни обвинители едногласно ја избра Анита Тополова Исајловска за в.д државен обвинител. Досега таа била на позицијата заменик државен јавен обвинител.
Исајловска ќе застане на местото на Љупчо Коцевски, кој си поднесе неотповиклива оставка и обвини за политички притисоци,
само неколку часа пред Собранието да расправа за негово разрешување.
Првичниот обид за избор на привремен наследник беше закажан за 19 декември, но седницата беше одложена поради отсуство на членка на советот.

















