Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено во источните делови. На планините и на некои од повисоките места врнежите ќе бидат од снег. Попладне врнежите насекаде ќе престанат. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, информираат од УХМР.
Минималните температури ќе се движат во интервал од -1 до 6 степени, а максималните од 3 до 9 Целзиусови степени.
Во Велес времето претпладне ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд . Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе биде 3 степени, а дневната 6 Целзиусови степени.

















