Во населеното место Горно Јаболчиште за првпат беше одржана крводарителска акција, со што селото и официјално се впиша на мапата на крводарители во државата. Акцијата, која воедно беше последна за 2025 година, привлече вкупно 20 крводарители, од кои 13 за првпат даруваа крв.
Крводарителската акција беше заеднички организирана од Црвен крст на РСМ – Општинска организација Велес и Институтот за трансфузиона медицина – Скопје, со поддршка од Општина Чашка и Основното општинско училиште „Лирија“.
Во спроведувањето на акцијата учествуваа и тројца претставници на Црвен крст.

















