Кајакарот на ККК Вардар Велес, Ангел Петрушев по четврти пат ја освои престижната титула Спортист на Велес, како признание за исклучителните резултати и континуираниот напредок на домашната и меѓународната сцена во 2025 година. Наградата му беше врачена на свеченоста што се одржа на бродот „Панини“, во организација на Сојузот на спортови на Велес и Општина Велес. Тој оваа награда ја заслуижи порадии освоената државна титула во кајак слалом, победите на ИКАС 2025 и ICF рангинг трката во Скопје, првото место на Европскиот куп во Солкан во конкуренција У23, настапот и пласманот во полуфиналето на Европското првенство во Париз (25. место), како и статусот олимписки стипендист на МОК за Олимписките игри во Лос Анџелес 2028 година.

Во категоријата спортисти сениори како најуспешни се вбројуваат Мартина Борова – ГОК Борец Велес, Александар Златаров – ККК Арка – Борец Велес, Мехмет Мемеди – МКВ Велес, Стефан Рибарски – ККК Вардар Велес, Ели Панова – Стрелачки клуб Велес, Ели Панова – Стречалки клуб Велес,Илхан Имеров – ФК Борец 1919 Велес, Александар Штерјов – КК Борец Баскет, Сашко Ивковиќ – ГОК Борец и Тефик Салахи – МКВ Велес.

Со награди се закитија и Бошко Нацев за најдобар судија и Орданче Амбарков. Посебно признание за промоција на спортот доби Радица Дукова. Посебно признание за достигнување во спортот доби ОК Борец Велес ветерани, додека за посебно признание за помагање на спортот доби Пеце Стојановски, Пекара Палма.
За најдобри спортски манифестации награди добија ККК Арка – Борец Велес и Спортските игри Велес . Во сениорска конкуренција За најдобра сениорска екипа беше наградена екипата на ГОК Борец Велес, а за најдобар тренер во сениорска конкуренција Петре Жабец од ГОК Борец Велес.

Во младинска конкуренција награди добија Ангела Перчинкова, Јана Митровска, Тодор Гиновски, Михаела Андреева, Бојана Нацева, Левче Картинов, Дамјан Петров, Марија Прпева, Димитар Љутков, Матеј Стојанов, Тодор Сутинов, Филип Кимов, Константин Коцев, Стефани Димкова, Драган Ставрев, Паула Игеска Благој Гугинов, Михаела Димитриева, Фесал Муареми, Кристијан Андов, Матео Ѓорѓиев,Кристијан Смилев и Марко Јанковски. За најдобра младинска екипа беше наградена екипата на ККК Бабуна Велес, а за најдобар тренер во младинска конкуренција Сашко Ристов од КК Борец Баскет.

















