Алкохолот повторно проблем во Велес: пијани возачи и агресија кон полицијата

Stop Policija

Пијанството и понатаму останува една од најчестите причини за полициски интервенции во Велес. Речиси секојдневно, велешката полиција регистрира случаи во кои лица под дејство на алкохол управуваат возила или пак со своето однесување ја загрозуваат јавната безбедност. Последните два вакви настани се регистрирани во текот на 27 декември.

Во вечерните часови, на улицата „АСНОМ“, полициски службеници запреле патничко возило „цитроен“, управувано од 63-годишен велешанец, кај кого биле измерени 2,60 промили алкохол во крвта.

Agria

Возачот бил лишен од слобода, задржан во полициска станица и против него ќе следува пријава за безобѕирно управување со моторно возило. Неколку часа претходно, на улицата „Ѓорѓи Органџиев“, полициски службеници привеле 41-годишна жена од Скопје, која агресивно се однесувала кон полицијата за време на службено постапување.

Алкотестот покажал присуство на дури 3,17 промили алкохол во крвта. Таа била задржана во полициска станица, а по документирањето на настанот ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Од СВР Велес повторно апелираат до граѓаните за одговорно однесување, нагласувајќи дека алкохолот е чест фактор и кај сообраќајни прекршоци и кај нарушување на јавниот ред и мир, особено во периодот на празнични прослави.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: