Градоначалникот на Општина Велес, Марко Колев, во своето новогодишно обраќање до граѓаните, им посака среќна Нова 2026 година и изрази надеж дека и годинава Велес ќе продолжи да се развива сплотено и обединето.
„Драги мои велешани, за наредната 2026 година ќе посакам да продолжиме како досега – сплотени и обединети во градење на поубав Велес за сите нас. Надминавме многу предизвици, решивме многу клучни проблеми на велешани, а токму така ќе продолжиме и понатаму“, рече Колев.
Тој им посака на граѓаните добро здравје, убави празнични денови со најблиските и година исполнета со остварени соништа. „Со желби да се радуваме заедно за бројни убави моменти, среќна Нова 2026 година!“, додаде градоначалникот.





































