Во раните утрински часови утринава на 1 јануари 2026 година, околу 04:55 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода З.Ј. (29) од Велес, по сообраќајна незгода што се случила на улицата „Димитар Влахов“, информира полицијата.
Според информациите од полицијата, тој управувал патничко возило марка „сеат“ со велешки регистарски ознаки, при што изгубил контрола и удрил во метална канделабра. При постапувањето било утврдено дека возачот бил под дејство на алкохол, односно дека имал 1,66 промили алкохол во крвта.





































