Со 1,91 промили алкохол зад воланот, скопјанец приведен на во центарот на Велес

policija svetla

И во првите денови од новата 2026 година, уште еден случај на несовесно учество во сообраќајот е регистриран на велешките улици. Ноќеска, на 2 јануари 2026 година во 00:08 часот, на улицата „Илинденска“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода А.К. (37) од Скопје. При редовна сообраќајна контрола било запрено патничко возило „шевролет“ со скопски регистарски ознаки, управувано од приведениот.

По преземените мерки и извршеното алкотестирање, кај возачот било констатирано присуство на 1,91 промили алкохол во крвта, по што тој веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.

Agria

Од СВР Велес информираат дека по целосно документирање на настанот, против А.К. ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Надлежните повторно апелираат до возачите за одговорно однесување во сообраќајот, особено во празничните денови, кога ризикот од сообраќајни незгоди е значително зголемен.


Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: