Велешани уапсени по кражба во здравствена установа

policija svetla

Двајца велешани завршија во полициска станица по кражба во просторија што ја користат вработени од една здравствена установа во Велес. Инцидентот се случил вчера околу 14:15 часот, кога полициски службеници ги лишиле од слобода Д.А. (36) и Ѓ.Д. (40), и двајцата од Велес.

Според информациите од СВР Велес, осомничените одзеле паричници со пари, платежни картички и лични документи, сопственост на две велешанки на возраст од 53 и 34 години, кои непосредно пред тоа биле на своето работно место. Полицијата утврдила дека тие не се задоволиле само со украдените предмети. Користејќи ги платежните картички, се обиделе да подигнат пари од банкомати, а Д.А. дури направил и неколку трансакции во продажни објекти низ градот.

Agria

Дел од украдените предмети бил пронајден и вратен на сопственичките. Осомничените биле приведени во полициска станица, а за случајот бил известен и јавен обвинител. По целосното документирање на настанот, против нив ќе следува соодветна кривична пријава.


Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: