Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено, информираат од Управата за хидрометеролошки работи (УХМР).
Долж Повардарието и во источните делови ќе дува засилен ветер од северен правец со брзина од над 60 километри на час. Минималните температури ќе се движат од -15 степени до -6, а максималните од -4 до 3 степени.
И во Велес времето ќе биде променливо облачно и студено. Претпладне ќе дува повремено засилен ветер. Во Скопје минималната температура ќе се спушти до -9, а максималната ќе достигне 2 степени, велат од УХМР.

















