Грипот „коси“ во Велес

Во деновите на викенд во Службата за итна помош при ЈЗУ Здравствен дом во Велес  драстично бил зголемен бројот на пациенти од сите возрасти со симптоми на грип како што е покачена телесна температура која не се симнува и по неколку денови, кашлица, болки во коските, мускулите и општа слабоста на заболениот, информираза МИА портпаролот на оваа јавна здравствена устаноа  д-р Славица Нешова Пановски.

Таа потенцира дека постојано имаат нови и нови болни со симптоми на грип, кои доаѓаат во Службата за Итна помош, а посебно бројот на заболени со симптоми на грип бил зголемен во деновите на викенд, кога не работат матичните лекари па сите пациенти, лекарска помош бараат во нивната Служба за итна помош. Воедно дел  од пациентите, кои се во потешка здравствена состојба посебно стари и изнемоштени лица, барале и постојано бараат и домашна посета од нивната служба.

Agria

Таа апелира до граѓаните со цел да се заштитат од грип да избегнуваат места каде што има масовно собирање како кафулуња, дискотеки и слично. Болните ги советува да мируваат и да не одат на работа, а децата да не се носат во градинка, да пијат што повеќе течности, топли супи и да внесуваат што повеќе витамини.

Д-р Нешова Пановски информира дека нивната служба е со намален број на вработени и деновиве едвај пристигнуваат заради преголемиот број пациенти, кои бараат помош од Итната служба.

Ваквата состојба со зголемен број на заболени со симптоми на грип во Велес, како што рече, е веќе четвртта недела. Започнала една недела пред Нова година, а ескалира од почетокот на новата година, посебно изминатите неколку денови.

Инаку во ЈЗУ Центар за јавно здравје во Велес во првата недела од годинава во Велес биле регистрирани 109 пациенти со грип. Новиот извештај за последниве денови треба да биде изготвен до средината на оваа недела.

Извор: МИА


Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: