Велешанецот Филип Николов потпиша за Алкалоид, четвртиот најдобар стрелец во лигата доаѓа кај Кирил Лазаров

Велешкиот ракометар Филип Николов од вториот дел на сезоната ќе настапува за екипата на Алкалоид, предводена од селекторот на македонската репрезентација Кирил Лазаров. Николов доаѓа од редовите на Бутел, каде со своите настапи се вметна меѓу најдобрите стрелци во домашното првенство.

Според официјалната статистика на Ракометната федерација на Македонија, Николов се наоѓа на четвртото место на листата на стрелци, со 100 постигнати голови на 17 натпревари, што го прави еден од најстандардните и најопасни офанзивци во лигата.

Agria

Иако не е дел од официјалните 18 репрезентативци кои ќе настапат на Европското првенство 2026 година, Николов ќе биде на располагање на стручниот штаб во случај на повреди или други промени во составот. Своето деби во националниот дрес го имаше на пријателските натпревари против селекцијата на Јапонија, каде за првпат доби можност да се докаже и на репрезентативната сцена.

Филип Николов ракометните почетоци ги направи во велешкиот Борец, каде ги направи првите чекори во спортот. Пред трансферот во Бутел Скопје, тој настапуваше и за екипата на Охрид, а актуелната форма и бројките зад неговото име се потврда дека станува збор за ракометар кој сериозно се наметнува на домашната сцена.


Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: