Во Велес и Неготино приведени две лица барани по потерници за издржување затворски казни

На 21.01.2026 во 11:25 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го приведоа З.Д.(45) од Велес. Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Основен суд Велес за издржување казна затвор во траење од десет месеци за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“ по член 418-б од Кривичниот законик.

Лицето е спроведено во Казнено – поправна установа Затвор Идризово за издржување на казната На 21.01.2026 во 12:00 часот во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино го приведоа Џ.Н.(33) од Велес.

Agria

Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Основен суд Велес за издржување казна затвор во траење од една година за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик.

Лицето е спроведено во Казнено – поправна установа Затвор Идризово за издржување на казната.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: