Одличен старт во одбојкарскиот плејоф, Борец со важна победа во Скопје

Одбојкарите на ГОК Борец Велес имаа одлично отворање на плејоф-разигрувањето во Првата машка лига, откако запишаа значајна гостинска победа над директниот ривал Работнички 71&22. Велешани во Скопје славеа со 3:1 во сетови (15:25, 25:20, 16:25, 20:25) и направија голем чекор кон подобра позиција на табелата.

Со оваа победа, Борец воедно му се реваншираше на Работнички 71&22 за поразот на стартот од сезоната, испраќајќи јасна порака дека плејофот го започнува со високи амбиции.

Agria

Следните натпревари ќе бидат нов тест за формата на велешките одбојкари, но почетокот најавува борбен и мотивиран Борец во продолжението од разигрувањето. Според пропозициите во плеј-оф разигрувањето,  екипите од од првото до шестото место ги пренесуваат бодовите од првиот дел. Играат двокружно „секој со секого“, а потоа првите четири екипи ќе обезбедат пласман во полуфиналето на плеј-офот и ќе се борат за шампионската титула.

 

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: