На 28 јануари 2026 година, во 22:40 часот, полициски службеници од СВР Велес лишиле од слобода 32-годишен жител на Велес, постапувајќи по претходна пријава за семејно насилство.
Според пријавата во полиција, лицето во семејниот дом кршело предмети и со запалена цигара нанело повреда на својата 33-годишна сопруга. При преземање на службените мерки било утврдено дека тој бил под дејство на алкохол, при што му биле измерени 1,50 промили алкохол во крвта.
Осомничениот бил задржан во полициска станица, а за настанот бил известен и надлежен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

















